На Новите гробишта во Белград вчера беше погребана една од најголемите музички ѕвезди во поранешна Југославија во 60-те и 70-те години на минатиот век, Лола Новаковиќ.
Музичката дива, која многумина ја помнат и како голема дама, почина во неделата во Белград во 81-та година од животот.
Како претставничка на Југославија во 1962 годна со песната „Не пали ги светлата во самракот“, таа го освои четврто место на Изборот за песна на Евровизија.
И покрај некогашмата голена слава, на нејзиниот погреб присуствуваа само 50-тина пријатели и соработници, кои во „вечниот дом“ ја испратија со звуците на нејзиниот најголем хит „Капка радост“.