Не помина ни четири дена од изборите во САД, а поразениот Мит Ромни загуби овеќе од 55 илјади фанови на неговата страница
Дека вашите пријатели на Фејсбук не ви се вистински пријатели, веројтно сфативте по само неколку часа откако се логиравте. Но, никој нема толку лажни пријатели како републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни, кој веднаш по поразот на изборите доживеа значителен пад на популарноста, пишуваат медиумите во САД.
За само три дена по изборите,повеќе од 55 илјади луѓе стиснале “не ми се допаѓа“ на неговата страница, а забележано е и дека за еден час губи по 847 пријатели.
Но, на Твитер се забележува друг тренд. Ромни на оваа социјална мрежа привлекол 17.600 нови следбеници, што би значело дека пријателствата на Твитер се постабилни. Од друга страна, Барак Обама не само што ги собори рекордите и ги “покори“ социјалните мрежи, туку привлече и нешто повеќе од еден милион нови корисници на социјалните мрежи, од изборите до сега.