Екипите на Галатасарај и Стразбур ќе играат во финалето на кошаркарскиот Еврокуп по победите над своите ривали во полуфиналните пресметки.
Француската екипа Стразбур во реваншот со италијанскиот тим Тренто победи на гостински терен со 86:78 и ја анулира негативата од шест поени што ја имаше по поразот 68:74 на првиот меч во Италија.
Неизвесно и драматично беше и во шпанско-турската пресметка во Гран Канарија каде се играше продолжение по кое Галатасарај загуби со 94:81, но 14-те поени предност (89:75) од дуелот во Истанбул му беа доволни да обезбеди учество во борбата за трофејот.
Финалните натпревари се закажани за 22 и 27 април.