Голманот Петар Ангелов Диви денеска на прес-конференција го образложи повлекувањето од македонската репрезентација, информација објавена преку социјалните мрежи пред неколку дена.
-По завршување на Светското првенство во Катар, кое не помина според нашите очекувања, размислував за повлекување, но по консултација со некои соиграчи од репрезентацијата, решив да останам со цел да помогнам за да се пласираме на Олимпијадата. Се беше во ред до обелоденувањето на списокот за ЕП во Полска. Како член на една од најдобрите европски екипи очекував и јас да бидам на него. Но, кога видов дека ме нема ниту меѓу четворицата голмани на поширокиот список на 28 играчи, решив да кажам крај, соопшти диви на денешната прес-конференција.
Сега веќе екс репрезентативецот рече дека во неколку наврати бил потценуван, односно како што вели, предност добивале голмани кои не биле во подобра форма од него, но тој не реагирал со цел да на ја наруши атмосферата во националниот тим.
На крајот Диви на своите поранешни колеги од репрезентацијата им посака среќа на олимписките квалификации во Гдањск и обезбедено учество во Рио.