Танц фест со програма што ќе трае цел месец и ќе се одржува во три градови

Од:

Годинашното издание на „Танц фест“, годинава ќе трае од 6 до 29 април и ќе се одвива во Скопје, Велес и Битола. Оваа година мотото е „Let’s Dance! Be different!“, во чест на Дејвид Боуви, кој е првата голема музичка звезда која во далечната 1988 година го претстави современиот танц на сцена танцувајќи заедно со современата танцова компанија од Њујорk „Хјуман степс Ла Ла Ла“ .

Овогодинешната програма е најобемна до сега, во која покрај прославата на пет години постоење на Скопје танцовиот театар, публиката ќе има можност да проследи и гостувања на извонредни компании како Балетот на Државната опера и балет од Измир, Турција, „Руалите“ танцовата компанија од Париз, Франција со фокус на современиот танц во Франција, АРА танцовата компанија од Рига, Латвија, и „Beijing Nine Contemporary Dance Company“ од Пекинг, Кина.

Програмата ќе започне на 6 април во Македонскиот народен театар со прослава на 5 -годишниот јубилеј од постоењето на „Скопје танцовиот театар“, единствената современа танцова компанија во Македонија, а вечерта ќе биде доделена и наградата МЕНАДА за врвни остварувања во областа на танцот, на извонредниот уметник Милко Шпаремблек, кој бил и дирекотор и на Метрополитен балетот во Њујорк.

risima1a

За оваа пригода, „Скопје танцовиот театар“ подготвува нова премиера со три различни кореографии и тоа: “Кој и да е“ на Андријана Андреева, “Најди некој…“ на Матеа Киселичка и “Тишината на пчелите“ во кореографија на гостинката од Холандија, Џоан ван дер Маст, на музика на Сара Замбони, италјанска композиторка, која компонираше нова музика за ова дело. Оваа претстава ќе се одржи на 9 април во Велес во Народниот театар и Битола на 25 април, во Народниот театар во Битола.

Во рамките на „Отворена програма, Танцуваме со Виталиа“, ќе се одржат повеќе настани на отворено, како Танцување на плоштад на 10 и 17 април и Парадата на танцот на 24 април.

На 7 април во МКЦ ќе се одржи програмата Отворен ден, со танцови студија од Македонија. Оваа програма е во духот на развој на комуникација и креативност кај најмладите, кои го практикуваат танцот и поттикнување на експресијата и себеизразувањето.

На Отворениот ден, за прв пат ќе се доделат наградите „Пеперутки“ во категориите: Најдобар настан, интерпретација, кореографија, сценски израз и костим. Во оваа програма ќе учествуваат студијата: Балерина, Ребис, РИЦ, Битрикс кру од Скопје, Анабела од Велес, Принцези од Кочани, и Фјужн од Куманово.

trans la valo 02

Во Парадата на танцот која ќе се одржи на 24 арил, ќе учествуваат повеќе студија од цела Македонија – Еурека, Ребис, РИЦ, Балерина, Битрикс кру, Ритам плус и Вајб од Скопје, Газели од Радовиш, Бах од Струга, Принцези од Кочани, Анабела од Велес, Фјужн од Куманово; се очекува неколку илјадна публика да ја проследи на улиците на Скопје. Парадата ќе биде круна на отворениот програм Танцуваме со Виталиа кој ќе се одржува на повеќе локации, посебно новиот настан Танцување на плоштад.

Во официјалната програма на фестивалот Државната опера и балетот од Измир, Турција ќе настапи со извонредната претстава “Боите на танцот“ во короеграфија на познатиот Мехемд Балкан, на 11 април во Скопје и 12 април во Велес. На 18 април настап ќе има Руалите компанијат од Париз во Скопје, на 19 во Велес. Компанијата АРА од Латвија ќе настапи на 17 април во МОБ.

Скопје танцовиот театар на 15 април ќе ја изведе втората премиера во рамките на фестивалто танц Фест, насловена “Волшебен свет“, која на 21 април ќе се извед во Велес, а на 25 април во Битола.

На 14 април на сцената Зебра ќе се одржи Хип хоп танцовата лига ан Битрикс кру студиото, во која ќе се претстават најдобрите Хип хоп танчери, избрани во процес на двомесечни натпревари.

Претставата “Trans la Valo” на Beijing Nine Contemporary Dance Company ќе се одржи на 23 април во МНТ.

Програмата ќе заврши на 29 април со прослава на Светскиот ден на танцот.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска