Женскиот ракометен шампион на Македонија ЖРК Вардар во првото четвртфинале од Лигата на шампионите синоќа во Скопје убедливо го совлада норвешкиот тим Ларвик со 34:20. Оваа предност секако на „вардарки“ им дава големи шанси пред реваншот и секако можност за пласман на уште еден „Ф4“ турнир во Будимпешта.
– Честитки за девојките одиграа како што се договоривме. И пред почетокот на натпреварот знаевме дека само силната и агресивна одбрана ќе биде клучот на дуелот.
Така и игравме и видовте дека Ларвик вториот гол го постигна во 17. минута. Игравме одлично, а ја имавме и феноменалната Лејно на голот. Но, ова е само првиот дел и не смееме да се опуштиме. Одиме на победа и на гости, изјави по натпреварот тренерот Индира кастратовиќ.
Реванш натпреварот се игра на 10 април (недела) со почеток во 15:30 часот.