Вардар со убедлива победа над Ларвик во четвртфиналето во Лигата на шампионите

Од:

Женскиот ракометен шампион на Македонија ЖРК Вардар постигна убедлива победа во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ беше совладан норвешкиот првак Ларвик со 14 голови разлика – 34:20 (16:9). Со оваа убедлива победа „вардарки“ се многу блиску до пласман на завршниот турнир во Будимпешта.

ЖРК Вардар одлично го почна натпреварот и по 2:1 нашиот тим имаше серија од 11:0 за водство од 12:1 во 17. минута. Во тој дел од натпреварот одлична на голот беше Амадин Лејно. Во продолжението на првиот дел норвешкиот тим успеа да го намали водството.

Во вториот дел ракометарките на Вардар ја одржуваа предноста, а по тајм аутот кон средината на полувремето почнаа и да ја зголемуваат предноста и највисоката разлика ја имаа во претпоследната минута кога беше 33:19 (+14).

Андреа Пенезиќ со 8 голови беше најефикасна, додека Барбара Лазовиќ постигна 6 голови. Одлична на голот на ЖРК Вардар беше Лејно со 19 одбрани. На другите денешни натпревари фаворитите победија на гости: Баја Маре – Будуќност 24:29 и ФТЦ – Ѓер 18:31. Во четвртокот Букурешт – Ростов Дон 26:25.

Реванш натпреварите се играат на 9 и на 10.април.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ