Вардар го пречекува Ларвик во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Од:

Женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар попладнево го игра првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Противник е норвешкиот шампион Ларвик. Победникот од двомечот ќе избори пласман на завршниот турнир во Будимпешта.

„Вардарки“ знаат дека ривалот е незгодна екипа особено што добро знае да игра и дома и на гости, а пред се имаат опасна контра. Но, во таборот на македонскиот тим ги знаат и слабите страни на Ларвик и ќе се обидат да ги искористат. Пред две сезони во рамки на групата од првата фаза во Скопје, Вардар и Ларвик одиграа нерешено 27:27, а во Норвешка, Вардар победи со 31:29.

Во најавата на дуелот, од таборот на нашиот шампион посакаа и трибините во СЦ „Јане Сандански“ да бидат исполнети со што ракометарките ќе имаат дополнителен мотив да забележат победа на првиот дуел. Почетокот на натпреварот е во 17:30 часот.

Денеска се играат и другите два четвртфинални натпревара: Баја Маре – Будуќност и ФТЦ – Ѓер. На првиот натпревар од четвртфиналето во четвртокот Букурешт го победи Ростов Дон со 26:25.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ