Неколку стотини членови на пантурската национаналистичка органзиација „Сиви Волци“ денеска се судрија со симпатизери на Курдската работничка партија (ПКК) во германскиот град Дуизбург.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, тепачката избила откако членовите на турската организација кон курдските активисти извикувале „Со помош на Алах ќе ве покориме“. За да ги раздвои двете групи полицијата морала да употреби пендреци и солзавец.
Според весникот „Вестерн“, инцидентот, за време на кој се слушале и пораки како „Мачениците се бесмртни, татковината е недделива“ и „Ние ја обновивме Германија“, е обид турско-курдскиот судир од Турција да се пренесе во Германија.
Пред настанот, организацијата „Сиви волци“, која се залага за обединување на сите Турци „од Централна Азија, до Балканот“, преку социјалните мрежи повика на „битка против ПКК“.
Тензиите меѓу Турците и Курдите во Германија се зголемија по вооружените судири меѓу турската армија и курдските борци во источна Турција, каде во голем број курдски населени места беше воведен полициски час.
Судири меѓу курдските и турските активисти минатата година се случија и во геманскиот град Франкфурт, шведскиот Стокхолм и швајцарскиот Берн.