Ако сте го живееле животот еколошки, тогаш вистински избор е и еколошки да умрете, објавува „24 сата“.
Но положувањето на посмртните останки претставува финансиско и еколошко оптоварување.
Био Урната е прифатлива опција за оние што сакаат од нивната пепел да израсне дрво.
Во биоразградливата Урна се додаваат посмртните останки и семе од дрво по избор.
Урната може да се положи во земја или во украсен сад со цел дрвото секогаш да биде до саканите на покојникот.
Но, за да не се случи нивните потомци да ги заборават, Био Урната има вграден сензор кој ја следи количината на влажноста, температурата и ПеХа на земјата. Па пат на апликација ќе ги предупреди сакани на починатиот на неговите задгробни потреби.
Тајландската компанија „Капсула Мунди“ дизајнирала биоразградлива вреќа во облик на капки во која се сместува телото на покојниот во фетална позиција.
Како што телото се разградува така се храни семето од кое израснува дрво. Процесот ја симболизира цикличноста на животот.
Предлогот на архитектката Катрин Спад е целиот процес на претворење во прав од кој сме настанале да се одвива во своевидна повеќекратна компост.
Откако семејство и пријатели свечено ќе се збогуваат , смртните останки ќе се положат во ленено платно, по што ќе поминат низ забрзан но природен процес на разградување, по кој за неколку недели ќе се претворат во природна хумусна земја.
Фактот дека гробовите заземаат голем дел од обработлива површина, а телото на починатиот натопено со формалдехид ја загадува земјата и подземните води, ги навело младите научници од Колумбија Универзитетот да смислат еколошки прифатливи футуристички гробишта.
Урната со кремираните останки ќе биде вградена во посебно дизајнирана светилка која ја претвора биомасата или човековото тело во елегантна и обновлива констелација на светлина.
Сепак, она што треба да се напомене е дека Био Урната се уште законски не е одобрена.