Ѕвездата на филмот „Сам дома“ ,Меколин Калкин пред неколку години ја шокираше јавноста со неговиот изглед, по што „извори блиски“ до него тврдеа дека тој толку многу се дрогира што е „прашање ден кога ќе почине“.
По ова тој подолго време не излегуваше во јавноста, но деновиве се појави во на Њујорк и повторно изненади со неговиот нов изглед.
Иако многумина сметаа дека Меколи нема да ја доживее 2016 година, тој сега има сосема нов изглед со видливи вишок килограми.
Облечен во карирана кошула, со изгорен излупен лак на ноктите и сива јакна, Меколи снимаше сцена за „The Jig Gafingan Show“. Поради улогата тој носеше и очила, а сите се согласуваат дека во него никогаш не би го препозналиот слаткиот Кевин Мекалистер од „Сам дома“.