Вардар против Загреб по 15-ти пат во СЕХА-лигата

Од:

Ракометните шампиони на Македонија (Вардар) и на Хрватска (ППД Загреб) утре во Вараждин во рамките на СЕХА лигата ќе го одиграат 15-от натпревар во ова натпреварување. „Црвено-црните“ имаат седум победи, ППД Загреб шест и еден дуел завршил нерешено.

Во двете полуфиналиња досега победил Вардар, а во финалето во Скопје 2013 година победи Загреб, додека лани во дуелот за 3. место подобар беше исто така Загреб.

Ова се двата единствени тима што играле на сите завршни турнири досега.

– Задоволни сме од играта во СЕХА лигата. Во полуфиналето ќе играме против Загреб, екипа која има одлична сезона. Но, ќе направиме се за да победиме, изјави тренерот на Вардар Раул Гонзалез на денешната прес-конференција.

Поранешниот тренер на Вардар, а сега на ППД Загреб Веселин Вујовиќ за утрешниот дуел изјави дека натпреварот е многу важен натпревар за двата тима за, како што рече, да го одржат нивото пред дуелите што ги очекуваат во Лигата на шампионите.
– Од осумте најдобри екипи во Европа во Лигата на шампионите – три се од СЕХА-лигата, за што сум навистина задоволен. Во моментов единствено нешто што е важно за нас е Вардар, рече Вујовиќ.
Оваа сезона во лигашкиот дел двете екипи постигнаа победи на домашен терен. Полуфиналето Вардар и Загреб го играат утре со почеток во 20:30 часот, додека во првото полуфинале на „Ф4“ турнирот во Вараждин од 18 часот ќе играат шампионот Веспрем и Мешков Брест.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ