Кипар ја заврши меѓународна програма за излез од економската криза

Од:

Кипар денеска ја заврши тригодишната меѓународна програма за излез од економската криза, јави ДПА.

Кипар доби пакет во вредност од 10 милијарди евра во 2013 година, а поради реструктирањето на двете главни кипарски банки големите инвеститори претрпеа значителни загуби. Исто така, беа воведени и мерки за контрола на капиталот.

Кипарскиот банкарски систем веќе е заздравен, се забрзува економскиот раст и фискалната перспектива на земјата се подобри, соопшти денеска Европската комисија.

Заменик-претседателот на Еврокомисијата, Валдис Домбровскис наведе дека на Кипар е воспоставена финансиска стабилност и се намалува стапката на невработеноста. Тој додаде и дека очекува раст во следните години.

Шефот на Спасувачкиот фонд на еврозоната Клаус Реглинг минатата недела изјави дека „за три години Кипар од длабока рецесија преминал до одржлив развој“. Тој додаде дека Никозија имала потреба само од 70 проценти од програмата за спас. 

Спасувачката програма за Кипар беше доделена од ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ