Јилмаз: Во Катар се гради турска воена база

Од:

Во Катар се гради турска воена база и истата ќе биде завршена за две години, изјави во Доха турскиот министер за одбрана, Исмет Јилмаз, цитиран од француските медиуми.

Тоа е првата турска воена база во регионот, посочи Јилмаз пред новинарите во рамки на изложбата за одбрана и безбедност ДИМДЕКС.

Јилмаз додаде дека спогодбата за изградба на базата ја одобрил турскиот Парламент.

Создавањето воена база е дел од пошироката спогодба во областа на одбраната, што Катар и Турција ја потпишаа на крајот од 2014 година.

И двете земји учествуваат во меѓународната коалиција за борба против Исламска држава, предводена од САД, потсетуваат француските медиуми.

– Ние сакаме да постигнеме соработка во областа на воената обука и да придонесуваме во стабилноста на регионот, рече Јилмаз.

Тој посочи дека катарски војници и авиони во моментов се наоѓаат во Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“