Абутовиќ: Загреб покажа дека има квалитет

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар е пред нов предизвик во рамките на СЕХА лигата. Вардар досега има две титули во ова натпреварување (2012 и 2014 година), а оваа година во петтото издание на завршниот турнир во Вараждин „црвено-црните“ во полуфиналето ќе играат против хравтскиот првак ППД Загреб. Ова се двата тима кои досега биле учесници на сите завршни турнири.

Во пресрет на полуфиналето со ППД Загреб (се игра во петок од 20:30 часот) за официјалниот сајт на лигата Илија Абутовиќ од Вардар изјави дека ги очекува силен турнир.

– Загреб на гостувањето во Мајнхам (против Рајн Некар Ловен во Лигата на шампионите) покажа дека има квалитет, а тие некако се и домаќини во Вараждин. Но, ние имаме квалитет да се избориме за финалето . Во второто полуфинале Веспрем е фаворит против Мешков Брест, рече Абутовиќ.

Од СЕХА лигата објавија дека во продажба се останати уште 500 влезници. Според програмата во петок во полуфиналето ќе играат: Веспрем – Мешков Брест (почеток 18 часот) и Вардар – ППД загреб (почеток 20:30 часот).
Натпреварите за пласман се играат во недела: финале (почеток 19 часот) и за 3.место (16:30 часот).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ