Млада брачна двојка од американската сојузна држава Западна Вирџинија изгради мала куќа во која како „градежен материјал“ се користени рамки од стари прозорци.
Тие сакале да имаат куќа во која залезот на Сонцето нема да се гледа само од една просторија или од една страна, туку од секој дел на објектот.
Прозорците овозможуваат влез на големо количество природна светлина во куќата, а користењето на мебел од различни стилови создава уникатен изглед на ентериерот.
Куќата претставува совршен пример за градба ускладена со природата, каде не се води премногу сметка за конфорот што го нуди современиот градски живот,
За изградбата на целата куќа биле потребни неколку месеци и 500 американски долари.