Вардар победи на гостувањето кај Мешков Брест во СЕХА лигата

Од:

Екипата на Вардар оствари победа на последниот натпревар од лигашкиот дел од СЕХА лигата откако попладнево славеше на гостувањето кај белорускиот тим Мешков Брест со 32:30.

Вардар на ова гостување играше со девет играчи, од кои двајца беа голмани. Со оваа победа Вардар заврши на второто место на табелата, веднаш зад првакот Веспрем и следен ривал на македонскиот шампион во Лигата на шампионите.

Најефикасни на дуелот беа „вардарците“ Лука Циндриќ со 9 и Дејан Манасков со 8 голови.

Двете екипи веќе во петок ќе бидат дел од завршниот турнир што ќе се игра во Вараждин. Во првото полуфинале од 18 часот Мешков Брест игра против Веспрем, додека од 20:30 часот е дуелот меѓу Вардар и ППД Загреб.

Во недела се играат дуелите за третото место и финалето.

Конечна табела: Веспрем 50 бодови, Вардар 44, ППД Загреб 42, Мешков Брест 36, Татран Прешов 28, Нексе 25, Војводина 15, Борац 11, Спартак 10, Макс Струмица 2.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ