Фотелјата која нуди топлина и прегратки стана вистински хит во светот откако дизајнерката Еун Кјонг Ли го претстави своето мало ремек дело дизајнирано за потребите на „А’Дизајн“ наградите, а нејзиното име ја открива и највпечатливата карактеристика „Фотелја која ве прегрнува“.
– На овој проект работев долго, а фотелјата ќе ви овозможи мекост и топлина како мајчинска прегратка, прегратка на саканата личност или некој пријател, објасни Ли.
– Кога ќе имате тешки моменти препуштете се на меката прегратка на фотелјата и сите проблеми ќе исчезнат барем на кратко, увери Ли.