Тунис ќе се подготува и во Германија за олимписките квалификации

Од:

Ракометната репрезентација на Тунис дел од своите подготовки за претстојните квалификации за Олимписките игри во Рио, ќе ги одржи во Германија.

Оваа репрезентација е еден од ривалите на Македонија во групата што ќе се игра во Гдањск.

Тунис на олимписките квалификации ќе биде предводен од нов селектор Хафед Зуаби, а на списокот од 16 играчи не се повикани неколку ракометари со голем број натпревари во репрезентацијата, кои беа против неговото назначување за селектор.

Кај Тунис ќе недостасуваат искусните репрезенативци Селим Хедуи, Махмуд Гарби и Ајмен Туми.

Во составот сепак се враќа Исам Теж, кој на репрезентацијата треба да и се прикличи на 30 март, а последен од повиканите ќе дојде играчот на Барселона Ваел Жалуз на 3 април во недела.

Тунис во својата држава ќе тренира од 28 март до 1 април, а од 3 април ќе биде во Германија и ќе одигра еден пријателски натпревар со бундеслигашот Гумерсбах.

Македонија и Тунис натпреварот од олимписките квалификации ќе го играат како дел од 2. коло на 9 април. Покрај, Македонија и Тунис во групата на олимписките квалификации ќе бидат уште Полска (домаќин) и Чиле. Двете првопласирани репрезентации ќе играат на Олимписките игри во Рио 2016.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ