Мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“

Од:

Центар за слобода и ЦИВИЛ Арт Дивизija организираат тркалезна маса и мултимедијален настан „Уметниците за човекови права“ на 29 март (вторник) во ГЕМ Клуб и Менада, со почеток во 18 часот. Најавена е тркалезна маса за општествената улога и одговорност на уметниците, изложба на уметниците: Јана Куновска, Мирослав Стојановиќ – Шуки, Касиопеја Наумоска, Дороти Пачкова, Валентин Димановски, Верица Димеска

Изложбата ќе биде отворена само четири часа и ќе се одржи во подземниот простор на „Менада“. Потоа, поетско читање и видео проекции, а вечерта завршува со музичка програма со Владимир Милчин.

„Уметниците имаат моќ да го менуваат светот со своите дела и со своите настапи во јавноста. Со самиот чин на творештво, уметниците најизворно ја манифестираат заложбата за слобода на изразувањето, едно од фундаменталните човекови права.
Како никогаш порано, уметниците денес се исправени пред обврската да го кренат својот глас против неправдите и деструкцијата.

Уметниците можат да му подарат на човекот свест и знаење за човековите права и слободи. Тие се израз на способноста на општеството која води кон негово ослободување и отворање кон цивилизациските вредности и високите идеали за човечност, правда и еднаквост меѓу луѓето. Со своите пораки и јавни настапи, уметниците имаат моќ да му дадат нов, повисок квалитет на животот на едно општество.“, се наведува во заедничката изјава на учесниците.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска