Алжирското Министерство за одбрана соопшти дека 12 лица загинаа, а две се тешко повредени кога хеликоптер се урнал во Сахара текот на извидувачка мисија, пренесува Танјуг.
Министерството наведува дека хеликоптерот најверојатно се урнал поради технички проблеми.
Несреќата се случила вчера, а леталото се урнало меѓу градовите Адрар и Реган, во областа Таманрасет, пренесуваат американските медиуми.
Началникот на Генералштабот на алжирските вооружени сили наредил отворање истрага за несреќата.
Во соопштението на министерството не се прецизира точната природа на извидувачката мисија на хеликоптерот.