Вардар извојува победа во осминафиналето од ЕХФ Лигата на шампионите, елиминирајќи ја Висла. Беше неизвесно до крајот, атренерот Раул Гонзалес изјави дека е горд на играчите бидејќи играа со срце. Алем Тоскиќ потврди дека покажаа дека заслужуваат победа.
– Беше многу тешко, зборував уште минатата недела дека ќе биде тешко. Висла игра одлично на гости оваа сезона, така беше против Кил и против Веспрем. Знаеме дека имаат многу добри и грачи и тренер. Во првите 10-15 минути мислам дека игравме добро, ама Коралес беше одличен на голот и промашивме четири пенали. Висла малку по малку ја градеше предноста и секогаш беше еден два разлика за неа. На паузата зборувавме, имавме многу притисок дека мора да победиме. Јас сум многу горд на моите играчи зашто се бореа до крај. Ова беше најтешкиот момент оваа сезона за нас, истакна Раул на прес-конференцијата по натпреварот.
Задоволен од пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите е и пивотот на „црвено-црните“ и најефикасниот на вчерашниот дуел (8 голови) Алем Тоскиќ.
– Задоволни сме што се пласиравме во четвртфиналето. Се мачевме цел натпревар, но на крај покажавме дека имаме квалитет и дека заслужуваме да бидеме во четвртфинале. Сега имаме еден ден одмор, потоа многу натпревари, Ф4 во СЕХА лигата, а потоа одиме на Веспрем во ЛШ. Тогаш ќе му ја префрлиме улогата на фаворит, ќе дадеме се од себе, па ќе видиме штоќе биде, рече Тоскиќ.