РК Вардар трета сезона по ред меѓу најдобрите осум во Европа

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар трет пат во низа обезбедува учество во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Во реванш осминафиналниот дуел „црвено-црните“ вечерва во исполнетиот СЦ „Јане Сандански“ ја победија Висла Плоцк со 25:24 и со вкупни 55:54 одат во следната фаза.

Како и што прогнозираше тренерот на нашиот шампион Раул Гонзалес, Вардар и покрај поволниот резултат од првиот натпревар во Полска (30:30), во реваншот по голема борба и многу потешко од очекувањата успеа да збележи тесна победа, но доволна за четвртфинале.

Гостите имаа два гола предност по првото полувреме, водеа и во последните десетина минути, но одбранетиот пенал од страна на Петар Ангелов го „заврти“ резултатот, а првиот голман Арпад Штербик одбрани зицер во последната минута и не дозволи поголема драма во последните 60 секунди.

Алем Тоскиќ со осум голови и Штербик со 16 одбрани беа најзаслужните за победата на Вардар.

Последната пречка на „црвено-црните“ пред завршниот турнир во Келн ќе биде унгарскиот шампион Веспрем кој денеска го совлада Мотор Запорожје со 41:28.

Пласман меѓу осумте најдобри обезбедија уште и Киелце, Кил, ПСЖ и Барселона.

Последните два патника во четвртфиналето од елитното натпреварување ќе бидат познати утре по натпреварите: Флензбург – Монпеље (28:27 прва средба) и Рајн-Некар – Загреб.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ