Екипите на Веспрем и на Киелце обезбедија настап во четвртфиналето на ракометната Лига на шампионите, откако вечерва по втор пат беа поуспешни од своите ривали во осминафиналните пресметки.
Унгарскиот првак Веспрем го совладаа Мотор со 41:28 и по гостинската победа од 29:24 со убедливи 18 голови разлика одат во следната фаза каде го очекуваат подобриот од двомечот Вардар – Висла.
Вториот полски претставник, првакот Киелце денеска го победи Мешков Брест со 33:30, напрвиот дуел беше 32:28.
Во тек е дуелот Вардар – Висла Плоцк. Првата средба во Полска заврши 30:30.
Пласман меѓу осумте најдобри претходно обезбедија Кил, ПСЖ и Барселона, а последните два патника ќе бидат познат утре по натпреварите:
Флензбург – Монпеље (28:27 прва средба) и Рајн-Некар – Загреб.