Ракометарите на Вардар вечер од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекуваат Висла Плоцк во обид да остварат барем минимална победа што ќе им биде доволна повторно да се најдат меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ на првиот дуел во Полска одиграа 30:30, иако пред крајот имаа четири голови предност. Во пресрет на реваншот од таборот на вардарци најавуваат пожртвувана игра и остварување на целта, пласман во следната фаза од елитното натпреварување.
Покрај овој дуел, денеска уште играат:
Киелце – Мешков Брест (32:28 прв натпревар) и
Веспрем – Мотор Запорожје (29:24).
Пласман меѓу осумте најдобри веќе обезбедија Кил, ПСЖ и Барселона, а последните два патника ќе бидат познат утре по натпреварите:
Флензбург – Монпеље (28:27прва средба) и
Рајн-Некар – Загреб.