Студиото „Ендрју Симпсон Архитекст“ изврши трансформација на еден индустриски објект од 19-от век во модерен семен дом.
Објектот, што се наоѓа во австралискиот град Западен Фицрој, бил изграден како фабрика за џем, потоа во него бил сместен погон за производство на газирана вода, а на крајот и една рекламна агенција. Сега, конечно објектот го купило едно семејство и го претворило во свој дом.
По трансфорамцијата, двокатната градба со вкупна површина од 437 метри квадратни, има две идентични одвоени станбени единици, со посебни влезни врати, во кои живеат различни членови на истото семејство. На призмејето се сместени просториите за дневен престој и голема бања, додека на катот се наоѓаат спаланите соби и мал тоалет.
Ѕидовите од тули и видливите дрвени греди му дваат оригиналност на чистиот и современ дизајн на куќата, а оперативни прозорци поставени на покривот овозможуваат влез на големо количество дневна светлина.
Во ентериерот на домот доминира белата боја со акценти на сиви нијанси, што на целиот простор му два чувство на поголема пространост.