Ракометните суперлигаши вечерва ќе одиграат еден натпревар од 17.коло од Супер лигата на Македонија. Во СЦ „Форца“ Работнички е домаќин на екипата на Вардар Јуниор. Според пласманот на табелата Работнички, кој се наоѓа на третото место ја има улогата фаворит на овој дуел. Почетокот на дуелот е во 20:15 часот.
Три натпревари од ова коло се играат утре: Металург – Прилеп, Радовиш – Борец и Охрид – Пролет. Во првиот натпревар од колото Пелистер го победи Металург 2 со 40:31.
Табела: Металург 48 бодови, Охрид 36, Работнички 33, Прилеп 30, Пелистер 21, Вардар Јуниор 21, Пролет 18, Радовиш 18, Борец 16, Металург 2 1 бод.