Јапонските дизајнери од „Hoshinchu Team“ студиото направиле бонсаи кое е наречено „Аир Бонсаи“, за кое се чини дека магично лебди над својата основа.
Изработено од јапонски порцелан, базата или долната половина, претставува енергетско куќише со лебдечка топка која се наоѓа на горната половина, или „литл стар“, малата ѕвезда.
Во „малата ѕвезда“ можете да ја посадите омилената билка и потоа едноставно да ја поставите на енергетската база.
Двете половини на „Аир Бонсаи“ поседуваат магнети во внатрешноста на самиот дизајн, кој и овозможува на горната половина да лебди и да се врти без потреба од допирни точки со нејзината основа.