Косовскиот премиер Иса Мустафа потврди денеска дека неговиот брат Рагиб минатата година побарал азил во Германија.
Според документот на порталот Инсајдери, тој аплицирал за азил на 24 јуни 2015 година само неколку дена откако неговиот брат во Берлин има средба со германската канцеларка Ангела Меркел.
– Да, вистина е. Известен сум откако тоа се случило… дека Рагиб побарал азил во странство за да добие здравствена помош за тешка болест која не може да се лекува на Косово, пишува косовскиот премиер на Фејсбук.
Според сајтот Инсајдер, братот на косовскиот премиер одел по истиот илегален пат како и други граѓани од Косово – преку унгарско-српската граница по што дошол во Франција каде првото барање за азил му било одбиено. Рагиб Мустафа потоа заминал за Германија каде повторно побарал азил, јави Танјуг.