Поранешниот американски кечер Халк Хоган го доби судскиот спор против веб страницата „Гокер“, која ја тужеше за нарушување на неговата приватност.
Судот во Мајами реши дека сајтот треба да му исплати отштета на Хоган во висина од 115 милиони долари.
Хоган ја поднесе тужбата против „Гокер“ поради објавениот видео запис со сексуален однос меѓу поранешниот кечер и сопругата не неговиот некогашен најдобар пријател.
Во тужбата Хоган наведе дека со објавувањето на снимката интернет страницата ја „нарушила неговата приватност и го изложила на понижување“.
Снимката со сексуланиот однос на Хоган на интернет имала седум милиони прегледи.