Принцот Чарлс апелира за помирување на Балканот

Од:

Британскиот принц Чарлс апелира за помирување меѓу земјите од Западен Балкан кои беа зафатени од војни. Тој ги повика државите да работат за мир и да не робуваат на минатото.

– Мирот и стабилноста се вратија на Балканот по војните од 90-тите години, но треба повеќе да се направи за да се зачува импулсот на мирот. Секое општество и земја се формира од минатото, но има малку места на земјата каде човек чувствува толку силна тежина од историјата, како на Балканот. Никој не треба да ја заборави или игнорира таквата историја, но поважно е тоа да не се претвори во роб на таквата историја, изјави вчера принцот Чарлс во Белград.

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер-Боулс денеска ја продолжуваат балканската турнеја со посета на Црна Гора. Тие во Цетиње ќе се сретнат со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, како и со министерот за земјоделство Петар Ивановиќ.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ