Македонската женска младинска репрезентација составена од ракометарки до 20 години денеска отпатува за Франција каде ќе настапи на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2016 година.
Избраничките на селекторот Симе Симовски, утре го отвораат турнирот со натпреварот против Израел, а в сабота и недела ќе се сретнат уште со Словенија и домаќинот Франција.
Само најдобро пласираната селекција обезбедува учество на Светското првенство.
Распоред на натпревари:
18.03.2016 (14:30) Македонија – Израел,
19.03.2016 (14:30) Македонија – Словенија,
20.03.2016 (15:00) Македонија – Франција.