Зголемен прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во јануари годинава е зголемен за 6,9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, а намален за 2,2 отсто во споредба со декември 2015 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари годинава во однос на ланскиот јануари  има опаѓање од 1,1 отсто, а прометот на странски пазари бележи пораст од 8,6 проценти.

Во секторот Рударство и вадење на камен има опаѓање од 25 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8,4 отсто.

Пораст од 30,4 отсто има кај индустриската група Капитални производи, и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,4 проценти, додека опаѓање себележи кај Енергија за 53,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата