Екипата на Кожув, единствениот македонски претставник во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), попладнево гостува во Софија кај Левски во натпревар од последното коло од четвртфиналната група Д.
На гевгелиската екипа која со скор од две победи и три порази како и косовскиот тим Пеќ е на второто место на табелата, ќе атакува на победа за да обезбеди пласман во полуфиналето на ова натпреварување.
Победата е императив за кошаркарите на Кожув доколку сакаат сами да решаваат за својата иднина, во спротивно, ќе мора да го чекаат исходот од мечот меѓу Пеќ и Сигал кој ќе се игра еден час подоцна.
Средбата Левски – Кожув ќе започне од 18 часот и 30 минути.
Пласман во полуфиналето од Ц групата обезбедија екипите на Морнар и Берое кои ги освоија првите две позиции во ова група.