Македонскиот ракометен првак Вардар вечер од 18 часот и 30 минути на гостински терен го игра првиот натпревар притив Висла Плоцк во рамките од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Двете екипи и минатата година се сретнаа во истата фаза од елитното натпреварување. Вардар загуби во Полска со шест разлика, а на реваншот славеше со 11 голови.
Другите натпревари се играат претстојниот викенд:
Мешков Брест – Киелце,
Моторот Запорожје – Веспрем,
Монпелје – Фленсбург,
Загреб – Рајн Некар и
ПИК Сегед – Кил.