ПКК: Судирите со турската армија ќе бидат насекаде

Од:

Судирите меѓу бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) и турската армија ќе бидат насекаде, предупреди Џемил Бајак, раководен претставник на ПКК во интервју за Тајмс дадено пред самоубиствениот напад во неделата во Анкара.

– Досега војната со турската армија се водеше само во планините. Потоа се премести во градовите. Сега ќе има судири насекаде, потенцира Бајак за весникот, четири дена пред нападот со автомобил бомба во Анкара.

– Во оваа етапа од борбата се што треба нашитеборци да прават и за кое има наредба, ќе биде легитимно, наведува 65-годишниот Бајак.

Според него, Турците изгореле се што можеле во курдските градови, а сега „нашиот народ сака одмазда“.

– Тоа е нова ера во борбата на народот, додава Бајак.

– Нашата борба сега е егзистенцијална – да се биде или не. Нашата основна цел е напаѓе на Ердоган и на неговата партија. Без нивно паѓање, Турција нема да може никогаш да биде демократска, потенцира Бајак.

Досега никој не рпезеде одговорност за нападот во Анкара во кој загинаа најмалку 35 луѓе. Турските власти ја обвинуваат  ПКК дека стои зад нападот.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска