Најмалку 45 курдски бунтовници се убиени во воздушните напади во северен Ирак, што ги презедоа турските вооружени сили по неделниот терористички напад во Анкара, пренесоа светските агенции.
Единаесет турски ловци „Ф-16“ и „Ф-4“ ги бомбардираа позициите на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, само еден ден по атентатот во турската престолнина, во кој загинаа 37 лица, пренесува БТА.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека е „речиси сигурно“ дека зад атентатот стои Курдската работничка партија.
Во соопштение на турската армија се посочува дека во воздушните нападите биле убиени 45 бунтовници и уништени се два магацина со оружје и две позиции за ракетни батерии.
Информацијата на турските вооружени сили, за жал, не може да биде потврдена од друг извор, посочуваат американските медиуми.