Обединетите нации соопштија денеска дека еден припадник на мировните сили на ОН од Чад од огнено оружје ранил еден и убил двајца колеги во северниот дел на Мали.
Портпаролката на Мисијата на Он во Мали Радиа Ахури изјави дека властите го уапсиле војникот кој пукал синоќа во Тесалту, во регионот Кидал, на северот на Мали.
Мотивот за нападот не е познат и покрената е истрага за случајот.