Сирискиот претседател Башар ал Асад го одби повиците да ја напушти земјата и рече дека сака да живее и да умре во Сирија. Не сум марионета на Западот. Јас сум Сириец, живеам и ќе умрам во Сирија, рече Асад во интервју за руска телевизија на арапски јазик.
Британскиот премиер Дејвид Камерон пред два дена рече дека Асад би можел безбедно да ја напушти земјата, доколку неговото заминување било гаранција за окончување на граѓанската војна во Сирија. Асад предупреди на опасноста од меѓународна интервенција во Сирија поради тоа што би можела да има меѓународни последици.