Најмалку 50 лица загинаа во судир меѓу исламистите и безбедносните сили во Тунис

Од:

Најмалку 50 луѓе загинаа во судирите откако исламисти нападнаа армиски и полициски пунктови во тунискиот град Бен Гердан, во близина на границата со Либија.

Според туниското Министерство за внатрешни работи во престрелката загинале 33 борци, а шестмина терористи се уапсени. Според болнички извори убиени се најмалку седум цивили, како и 10 војници.

Во Бен Гердан е воведен полициски час од 19 до пет часот.

Туниските власти поставија блокади во близина на одморалиштето Џерба, популарна дестинација за локални и странски туристи, а затворени се и два гранични премини на туниско-либијската граница.

Очевидец тврди дека видел многу екстремисти со автоматски пушки калашњиков. Тој истакнал дека припадници на Исламска држава дошле да ја нападнат армијата и полицијата.

Се уште не е познато дали напаѓачите влегле од Либија. Екстремисти обучени во џихадистички кампови во Либија извршија два напада во Тунис минатата година,

– Без преседан тоа беше добро организиран напад, изјави претседателот на Тунис. Но, луѓето во јужниот дел на земјата треба да се убедени дека армијата и полицијата ќе го победат варварството кое доаѓа надвор од границата, Бежи Каид Есебси.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен