ЕУ планира целосно враќање на шенгенските правила до ноември

Од:

Европската унија утре ќе објави нацрт-план со кој се предвидува најдоцна до ноември да биде воспоставена повторна целосна примена на правилата на Шенгенскиот договор за слободно движење на луѓе и стоки, откако неколку земји членки на ЕУ воведоа времени контроли на своите граници поради мигрантската криза.  

Како што јави Танјуг, повикувајќи се на АФП која имала увид во документот на ЕУ, со планот се предвидува и формирање на систем на крајбрежна стража во рамки на Унијата и зајакнување на надворешните граници на Грција, преку која најголем број од имигрантите пристигнуваат во Европа. 

ЕУ го подготвува ваквиот план како одговор на одлуките на повеќе земји членки да воведат гранични контроли во обид да го спречат неконтролираниот влез на имигрантите на нивна територија, што го доведе во прашање натамошното опстојување на Шенген зоната.

– Утре ќе усвоиме нацрт-план за тоа како повторно во целост да го вратиме во сила шенгенскиот систем, изјави неименуван извор од Европската комисија.

Во планот се наведува дека иако Европа се соочува со најголемата бегалска криза по Втората светска војна, сепак целосната примена на правилата на Шенген зоната се „од клучно значење за ЕУ како целина“.

– Доколку се пропадне и доколку воведувањето на гранични контроли стане неопходно, тоа ќе значи уривање на централниот столб на процесот на обединувањето на ЕУ, се наведува во документот.

Германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ денеска објави дека според проценките на Европската комисија евентуалното затворање на границите во Шенген зоната би ја чинело европската економија од седум до 18 милијарди евра годишно, бидејќи со граничната контрола граѓаните ќе бидат лишени од можноста за слободно движење, а ќе бидат нанесени штети и на внатрешниот пазар.

Од почетокот на 2015 година во Европа пристигнаа над 1,13 милиони бегалци, од кои поголемиот дел на европско тло влегоа преку Грција, од каде преку балканската рута се упатуваа кон западните земји, најчесто во Германија и Шведска.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

Хрватска го воведе еврото и влезе во Шенген

Фон дер Лајен: Влезот во Шенген и еврозоната е пресвртница на европскиот пат на Хрватска

А1он

Радев разочаран од одлуките на ЕУ: Критериумите за Шенген ги исполнивме уште во 2011 година

А1он