Мисијата на ОН во Мали меѓу најопасните на светот

Од:

Ал Џезира – Доха

Мисијата на ОН во Мали се смета за една од најопасните. Меѓународните сили се обидуваат да донесат стабилност на северот на земјата, по повеќегодишниот судир. На екипата на Ал Џезира и е одобрено да се придружи на полициската патрола на сините шлемови на ОН.

Таа нигериска единица е нападната пред неодамна, кога Ал-Каеда детонираше автомобил бомба пред една нејзина база.

Полицијата на ОН пружа поддршка на своите локални колеги.

Борба за независност на северот

Тимбукту е постојано блокиран, забрането е движење со возила по 18:30, а исклучувањето на струјата е вообичаено.

„Ова е инаку една од најзначајните џамии во градот, но ништо околу себе не можеме да видиме бидејќи нема струја. Сепак, патролата поминува неколку улици. Кога нема струја, воопшто не им е лесно да ја вршат својата работа‟ – извести репортерката на Ал Џезира Моника Виламизар.

Мисијата на ОН во Мали ја сочинуваат 10.000 војници. Задача им е да помогнат при стабилизација на земјата по борбата за независност на северот.

Таа мисија е една од најопасните на светот и 60 војници го изгубија животот од нејзиното основање во 2013 година.

„Оваа зона е опасна. Но, добро сме подготвени, имаме квалитетна опрема и ја поминавме потребната обука‟ – рече Густав Сансон, портпарол на Шведскиот контингент.

Шведскиот контингент, задолжен за разузнавачки работи, го замени делот од ризичните операции за извидување на теренот со беспилотни летала.

Славните денови на Тимбукту, во кои беше познат по пазарите за злато и трговските каравани, поминаа. Градот сега е полн со вооружени групи.

Сите хотели се празни, а полицијата проценува дека една третина од населението е вооружено. „Без развој нема мир. Што би требале да јадат овие момчиња, кои одат со калашникови во рацете? Сите потпишаа мировен договор, но не можат да преживеат јадејќи песок. Знаете дека во оваа пустина нема ништо освен песок‟ – тврди Мохамед Тахал, жител на Тимбукту.

Амбициозен план во воената зона

Сините шлемови ги контролираат пристаништата Кориома и Кабару во близина на Тимбукту. Полицискиот командант Аугустин Јоунгнибо вели дека е свесна за опасностите на кои се изложени припадниците на мисијата.

„Да ги поздравиме луѓето и да им објасниме што правиме тука. Исто така, ги прашуваме дали им треба нешто и од нив добиваме информации‟ – заклучи таа.

Задачите на припадниците на мисијата сега вклучуваат и заштита на цивилите. Амбициозен план на меѓународните сили кои мора да „го одржуваат мирот‟ во една воена зона.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска