Познатиот актер Кристијан Слејтер (46) минатата година во интервју изјави дека неговиот татко, исто така глумец, Мајкл Хокинс (80) има манично – депресивна шизофренија.
Поради тоа Хокинс го тужи својот син, тврдејќи дека тоа во целост му ја уништило актерската кариера.
– Од тогаш не успеав да добијам ниту една улога. Сите ме избегнуваат, вели Хокинс. Тој додава дека Слејтер воопшто нема медицински докази дека тој е болен.
За нанесената душевна болка од својот син бара 20 милиони долари.