Воени раководители на 30 држави кои учествуваат во коалицијата за борба против Исламска држава денеска во Кувајт разгледуваат начини за поразување на ИД, која контролира поголеми територии во Сирија и во Ирак.
Началникот на Генералштабот на кувајтската армија генерал Мохамад ал Кадер апелираше до колегите двојно да ги зголемат напорите за поразување на екстремистичките движење во светот, се наведува во соопштението од средбата во Кувајт.
Средбата се одржува неколку дена по средбата во Брисел, на која министрите за одбрана на 66 држави од коалицијата, предводена од САД, за борба против ИД се аnгажираа да ја интензивираат кампањата против џихадистичката група.
За 18 месеци коалицијата извршила над 10.000 воздушни напади врз цели на ИД, но и покрај тоа џихадистичката група се уште контролира големи реони во Иракл и во Сирија и ги зајакнува позициите во Либија.