Неизвесен резултатот од референдумот за четврти претседателски мандат на Ево Моралес

Од:

Излезните анкети од вечерашниот референдум на кој Боливијците гласаа за тоа дали да му се дозволи на боливискиот претседател Ево Моралес да се кандидира и по четврти пат едно по друго, даваат противречни резултати од исходот од изјазнувањето.

Како што јави Би-Би-Си, според една излезна анкета, 52,3 отсто од гласачите се изјасниле против четвртиот мандат за претседателот, додека спред друга 51 отсто биле „за“.

Опозицијата доцна синоќа во делови од Ла Паз ја прославуваше победата, но владејачката партија и самиот претседател Моралес одбиваат да прифатат пораз на овој референдум.

Претставник на владејачкиот блок изјави дека „ништо не е конечно“ и дека претседателот би можел на крајот да излезе како победник.

Доколку гласачите му дозволат уште еден мандат, Моралес на претседателската функција би можел да остене до 2025 година.

Сега тој го одработува својот трет мандат, за кој исто така беше организиран референдум, затоа што Уставот на Боливија предвидува само два едно по друго мандати.

Во меѓувреме тој и владејачката партија издејствуваа и смена на Уставот во земјата, со што беше „легализиран“ третиот претседателски мандат.

Прв пат Ево Моралес беше избран во 2006 година, како прв шеф на оваа андска држава со индијанско потекло. Моралес, кој е припадник на племето Ајмара, е поранешен фармер и одгледувач на растението кока.

Од почетокот спроведува левичарска социјалистичка политика во економијата, применувајќи популистички мерки со кои ги придоби посиромашните слоеви во боливиското општество кои се уште доминираат во земјата.

Набљудувачите во Ла Паз признаваат дека тој и натаму е популарен, но опозицијата и разните продемократски организиации и групи тврдат дека е премногу Моралес да биде претседател на Боливија цели 19 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он