Над 10.000 луѓе евакуирани од трговски центри во Москва поради дојави за бомби

Од:

 Повеќе од  10.000 луѓе се евакуирани од трговски центри во Москва по серија анонимни телефонски закани дека се поставени бомби, јави ТАСС, повикувајќи се на извор во полицијата.

Во некои трговски центри продолжува евакуацијата.

Евакуирани се луѓе од сите девет хипермаркети „Ошан“ во рускиот главен град како и од  комплекс во близина на Црвениот плоштад.

– Специјалните служби и полицијата исто така вршат проверка во зградата на претседателската администрација на Русија во центарот на Москва, изјави неименуван полицикси извор 

Евакуиран е и трговскиот центар ГУМ, главна туристичка локалција на Црвениот плоштад поради закана од поставена бомба.

На социјалните мрежи објавени се фотографии од евакуацијата на трговскиот центар „Мега Балаја Даша“, источна МОсква. Очевидци тврдат дека евакуирани се и трговските центри „гагарински“ во југозападниот дел од градот како и „Кунцево Плаза“ во западниот дел од Москва.

Се уште нема официјално соопштение за тоа. 

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски