Турски авиони бомбардираа кампови на забранетата Работничка партија на Курдите (ПКК) на северот на Ирак, јавија турските медиуми повикувајќи се на неименувани безбедносни извори.
Бомбардирањето е извршено доцна синоќа, веднаш после бомбашкиот напад во центарот на Анкара при што 28 лица загинаа.
ТВ станицата Си-Ен-Ен Турк наведе дека се верува оти е погодена група од 60 до 70 екстремисти на ПКК, меѓу кои и истакнати команданти.
Турскиот провладин весник „Јени Шафак“ објави дека врз основа на отпечатоците на прстите идентификуван е Сириец кој го извршил бомбашкиот напад. Според весникот станува збор за Салих Неџад за кој се верува дека во Турциа влегол заедно со бегалците од Сирија, пренесува Танјуг.