На продажба накит на Имелда Маркос вреден 21 милион долари

Од:

Голема колекција накит која припаѓаше на првата дама на Филипини, Имелда Маркос, наскоро ќе се најде на аукција, јавија денеска локалните медиуми.

Вредноста на накитот кој ќе биде понуден на аукција проценет е повеќе од 21 милион долари.

Накитот е конфискуван откако во 1986 година е симната филипинската Влада на чело со сопругот на Имелда, Фердинанд Маркос, јави британски Би-Би-Си.

На филипинските власти им се брза да го продадат накитот, затоа што се плашат дека синот на поранешниот претседател Фердинанд Маркос Јуниор, познат и како Бонгбонг Маркос, на изборите во мај може да стане потпретседател на државата и да ја прекине продажбата на накитот на неговата мајка.

Се проценува дека семејството Маркос и нивните најблиски соработници за време додека биле на власт собрале недвижнини, накит и готовина и друг имот во вредност од дури десет милијарди долари.

Имелда Маркос секогаш ги негираше обвинувањата за проневера на државни средства и се обиде да ја спречи продажбата на нејзиниот накик на аукција. Таа во средината на 90-тите години од минатиот век е прогласена за виновна за корупција и осудена најмалку на 12 години затвор, но после приложената жалба, пресудата била поништена.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска