Не само што на Фејсбук може да потрошите многу часови од вашето драгоцено време, некои истражувања покажуваат дека оваа социјална мрежа може лошо да влијае на вашето емоционално здравје.
Дури половина од корисниците на Фејсбук, што денеска се повеќе од пола милијарда луѓе, ризикуваат нарушување на психолошкото здравје ако ја користат социјалната мрежа за „шпионирање“ на своите поранешни партнери.
Дури и ако сте приклучени на Фејсбук за повремено да ги погледнете фотографиите од венчавката на вашата братучетка или од бебето на вашата колешка, тешко е да одолеете и да не погледнете што прави поранешниот.
Сега можете континуирано да го следите, да проверувате каде е, што прави и со кого се дружи, а сето тоа во животот без него е тешко, затоа направете си услуга и избришете го вашиот онлајн живот.