Репрезентацијата на Русија е третата селекција која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство во футсал кое се одржува во Белград.
Русите во првиот денешен меч од четвртфиналето убедливо ја совладаа селекцијата на Азербејџан со 6:2 и се изборија за место меѓу четирите најдобри.
Тие за место во големото финале ќе се борат со домаќинот Србија.
Која пак ќе биде последната селекцијата која ќе игра во полуфиналето и тоа против Шпанија ќе се знае вечерва по средбата во која Италија за противник го има Казахстан.
Полуфиналните натпревари на ЕП во футсал на програмата се во четврток, а дуелите за медал ќе се играат во сабота (13 февруари).